
Цените на недвижностите во Германија се зголемија во сите сегменти за прв пат по околу две години во вториот квартал, поттикнати од пониските трошоци за задолжување и недостатокот на нови станови.
Цените на становите и домовите за едно семејство во периодот што заврши на 30 јуни се зголемија за 2,4 отсто, или два отсто во споредба со претходните три месеци, покажува германскиот индекс на недвижности објавен во четвртокот од Килскиот институт за светска економија.
Цените на куќите за повеќе семејства пораснале за 4,4 отсто, пишува Блумберг.
Сепак, цените на недвижностите сè уште се пониски во однос на истиот период пред една година, покажа индексот.
„Пресвртот на пазарот на недвижности започна“, рече во изјавата истражувачот од Килскиот институт, Јонас Здржалек, додавајќи дека „големата неизвесност од последните неколку години и месеци очигледно стивнува, а можноста за пад на каматните стапки го стабилизира пазарот.
Активноста на германскиот пазар на недвижности останува пригушена. Иако бројот на зделки за станбени недвижности благо се зголеми во вториот квартал, тие беа на пониско од просечното ниво, според Институтот Кил.











