Раст од 20,4 проценти во патничкиот патен превоз, најмногу во меѓународниот

Според податоците на Државниот завод за статистика, вкупниот број на превезени патници во патничкиот патен превоз изнесува 11 467 илјади во второто тримесечје од 2022 година и во однос на истиот период од претходната година е зголемен за 20.4 %.
Според видот на превозот, бројот на превезените патници во градскиот превоз е зголемен за 10.8 %, во приградскиот превоз за 29.4 %, во меѓуградскиот превоз за 58.7 %, а во меѓународниот превоз за 62.6 %.
Во второто тримесечје од 2022 година, во однос на истиот период од 2021 година, вкупниот број на патнички километри во патниот патнички превоз е зголемен за 41.0 %. Според видот на превозот, бројот на патничките километри во градскиот
превоз е зголемен за 14.9 %, во приградскиот превоз за 30.9 %, во меѓуградскиот превоз за 52.0 %, а во меѓународниот превоз зголемувањето изнесува 43.9 %.