
Европските и американските берзански индекси денеска се претежно во пораст, како и цените на нафтата, златото и пченицата, додека пазарите ги чекаат прелиминарните податоци за февруарската инфлација во еврозоната, кои ќе бидат објавени во 11:00 часот.
Европските лидери одржаа состанок во текот на викендот на кој ветија дека ќе ги зголемат трошоците за одбрана и помошта за Украина, што предизвика пораст на акциите на компаниите кои произведуваат воена опрема, пренесува CNBC.
Индексот на Франкфуртската берза DAX во 9:30 часот порасна на 22.652,50 поени, британскиот FTSE 100 на 8.846,85 поени, францускиот CAC 40 на 8.136,06 поени, додека московскиот MOEX падна на 3.159,94 поени.
Вредноста на американскиот берзански индекс Dow Jones се искачи на 43.840,91 поени пред отворањето на берзите во САД денеска, индексот S&P 500 на 5.954,50 поени, а вредноста на Nasdaq индексот на 18.847,28 поени.
Според сегашните берзански податоци, цената на суровата нафта порасна на 69.913 долари, а на нафтата од типот брент на 72.962 долари.
Европските фјучерси на гас за април на отворањето на берзата ТТФ се тргуваа по 45.250 евра за мегават-час.
Цената на златото порасна на 2.863,19 долари за унца, а на пченицата на 5,4244 долари за бушел (бушел е 27,216 кг).
Вредноста на еврото во однос на доларот на берзата Forex изнесува 1,04064, што е повисока од петокот.