Растат цените на недвижнините во ЕУ

35

Цените на станбените недвижнини во Европската унија, во третото тримесечје од минатата година, пораснаа за 5,2% во однос на истиот период во 2019 година, покажуваат податоците на Eurostat.

Исто толку проценти раст имаа недвижнините и во вториот квартал од 2020 година.

Во еврозоната, цените на станбените недвижнини, во третиот квартал, пораснаа за 4,9%.

Меѓу земјите членки на Европската унија, најголем раст на цените на недвижнините од 13,6% има во Луксембург, а потоа следат: Полска (10,9%) и Австрија (8,9%).

Пад на цените на станбените недвижнини на годишно ниво бележат пад во Кипар (1,4%) и Ирска (0,8%).

Фото: Freepik