Расте бројот на лични банкроти во Словенија

20

bankrot

Бројот на лични банкроти во Словенија е во пораст, за што сведочи фактот дека во првата половина на 2013 оваа постапка била започната над 450 поединци, додека во првите шест месеци оваа година, бројката е зголемена на 2.250, пишува Независне новине.

Словенечкиот врховен суд проценува дека ако продолжи ваквиот тренд, оваа година личен банкрот би можел да биде спроведен на скоро 4.000 граѓани.

Личниот банкрот, како можност за оние кои немаат друг излез од финансиските проблеми, во Словенија законски е воведен кон крајот на 2008 година.

Личен банкрот може да покрене должник или негов доверител, но и работник во фирма која му должи плата. Во првиот случај, аконтацијата на трошоците за стечајната постапка ги покрива должникот, а во другите два случаи почетните трошоци ги покрива судот. Вкупните трошоци на постапката изнесуваат околу 2.000 евра, а со имотот на должникот во текот на постапката управува стечаен управител, се до намирувањето на долгот.

Целиот имот, освен минималната плата на должникот, влегуваат во стечајната маса, од која се подмируваат доверителите.