Бројот на невработени Американци кои аплицираат за добивање државна помош минатата недела се искачи на двомесечен максимум.
Бројот на поднесени барања за државна помош за невработеност е зголемен за седум дена, заклучно 17-ти јули, за 51.000 на неделно ниво, достигнувајќи вкупно 419.000 лица, што е највисоко ниво од средината на мај.
Овој податок укажува на тоа дека пазарот на труд не ги надмина проблемите бидејќи нацијата повторно се соочува со раст на бројот на заразени, пренесува Ројтерс.
“Порастот на бројот на невработени оваа недела сигнализира дека проблемите на пазарот на труд не се целосно зад нас и дека делта сојот на вирусот уште може да го саботира економското закрепнување од најкратката рецесија во американската историја“, вели Кристофер Рупки, главен економист во компанијата FWD Bonds во Њујорк.
Сепак, податоците од Министерството за труд покажуваат дека се зголемува и бројот на луѓе кои се враќаат на работи, што е движење што сигнализира каков ќе биде јулскиот извештај за вработеноста.
Фото: Pexels