Расте бројот на жени што ги водат најголемите корпорации во САД

52

Бројот на жени што се на чело на најголемите корпорации во Америка достигна нов рекорд: 37 од компаниите што оваа година се најдоа на листата Fortune 500 на истоимениот магазин имаат жени како главни извршни директори.

Fortune 500, којшто ги рангира најголемите компании во Америка, долго време важи за “микрокосмос“ на американскиот бизнис, а неговата улога во рангирање на компаниите е посебно важна за економски развој.

Овогодинешната бројка од 37 жени го надминува минатогодишниот рекорд, кога 33 американски компании имале поставено жена на функцијата главен извршен директор. Сепак, големата слика покажува дека со 37 извршни директорки, жените во САД водат само 7,4% од 500-те најголеми компании во САД.

Кога станува збор за 100-те најголеми корпорации во САД, на нивно чело има само седум жени.

Од главните извршни директорки, само три жени се од друга раса, а нема ниту една Афроамериканка.

Фото: Pixabay