Расте цената на златото

75

Цената на златото се искачи над 1.800 долари за унца бидејќи Кина укина повеќе мерки за контрола на Ковид-19, зголемувајќи го притисокот врз доларот, кој го продолжува својот надолен тренд во однос на водечките ривали.

Во пораст се и цените на среброто, паладиумот и платината.

Златото поскапе за повеќе од 8,0 отсто во последниот квартал од оваа година, поддржано од повлекувањето на доларот и надежите дека Федералните резерви (ФЕД) ќе го забават агресивното затегнување на монетарната политика.

Имено, играчите на пазарот ги анализираат американските податоци од петокот за ублажување на инфлацијата и слабеење на потрошувачката, што би можело да го намали притисокот врз ФЕД за дополнително зголемување на основната каматна стапка.

Патниците кои доаѓаат во Кина повеќе нема да мора да одат во карантин почнувајќи од јануари, што ќе придонесе за забрзување на укинувањето на строгите правила за пандемијата и зајакнување на расположението кон најголемата азиска економија, според Блумберг.