Расте енергетската моќ на Саудиска Арабија: откриени нови полиња за нафта и гас

Саудиската нафтена компанија „Арамко“ откри 14 нафтени полиња и наоѓалишта на природен гас во источната провинција и пустината Руб ел Хали, објави  агенцијата SPA.

Министерот за енергетика, принцот Абдулазиз бин Салман изјави дека се откриени шест нафтени полиња и два резервоари со нафта, како и две полиња и четири резервоари за природен гас.

Тој им честиташе на кралот Салман и на престолонаследникот Мохамед бин Салман за овие откритија и ги изрази своите желби за понатамошен раст и просперитет на Саудиска Арабија.

Принцот Абдулазиз ја истакна важноста на овие откритија, кои ја зајакнуваат водечката позиција на Кралството Саудиска Арабија во глобалниот енергетски сектор и го зајакнуваат нејзиниот потенцијал.