Две кинески компании имаат значителен удел во Daimler, компанија која произведува автомобили Mercedes-Benz. Но, најновите информации велат дека еден кинески производител значително го зголемил својот удел.
Државната компанија BAIC има 10 отсто од акциите од 2019 година. Тоа значи дека двајца кинески акционери поседуваат речиси дваесет проценти од компанијата. Досега се зборуваше за само пет проценти од уделот на BAIC. Daimler потврди зголемување на влоговите во понеделникот.
Со зголемување на својот удел, BAIC го престигна Geely, кој е производител на автомобили во сопственост на милијардерот Ли Шуфу. Според Daimler, Geely држи 9,7 отсто од акциите. Инаку, Geeely е сопственик и на Volvo, пренесува HAK Revija.
Шефот на Daimler, Ола Калениус го поздрави последниот потег.
Уделот на BAIC во Daimler ја одразува нашата посветеност на нашиот заеднички, успешен сојуз во производството и развојот на најголемиот светски пазар на патнички автомобили. BAIC во договорот потврди дека нема да го зголеми својот удел. За возврат, Daimler има 9,55 отсто од акциите во подружницата BAIC Motor, рече тој.
BAIC, исто така, поседува 6,5 отсто од одделот за производство на камиони на Daimler. Со учество од околу 35 отсто од вкупната продажба, Кина долго време е најважниот пазар за патничките автомобили Mercedes-Benz. Компанијата со седиште во Штутгарт отвори нов технолошки центар во регионот на Пекинг во октомври. Таму работат над 1.000 инженери. Daimler и Geely сакаат да лансираат мал автомобил Smart од кинеско производство во 2022 година.











