Паметните телефони и во текот на пандемијата беа едни од најпродаваните производи. Во првото тримесечје од оваа година продажбата им порасна за 26% на скоро 378 милиони уреди, покажуваат официјалните податоци.
На почетокот на годината Samsung се врати на тронот на којшто Apple се искачи во текот на божикните празници и го зазеде првото место со продадени над 76 милиони паметни телефони.
Уредите што чинат помалку од 150 долари се посебно популарни меѓу купувачите.
Според податоците на организацијата Vendor, Samsung има 20,3% удел во вкупниот пазар на мобилни телефон во првиот квартал, а по него следат: Apple (15.5%), Xioami (12.9%), Vivo (10.2%), Oppo (10.2%) и други брендови (30,9%).
Фото: Pexels