
Федералната државна служба за статистика на Русија (Росстат) ја потврди проценката за раст на бруто домашниот производ (БДП) од 4,3 отсто на годишна основа во 2024 година.
Ова е втора проценка на агенцијата за статистика, а според претходната се очекуваше раст на БДП од 4,1 отсто, пренесе Тасс.
БДП изнесуваше 201,2 трилиони рубљи (2,12 трилиони евра). Росстат наведува дека индексот на дефлатор на БДП (кој ја пресметува промената на цените во економијата во одреден период) се зголемил за 9,3 отсто на годишно ниво.
Руската статистичка служба ја претстави и првата проценка за растот на рускиот БДП во четвртиот квартал од 2024 година на ниво од 4,5 отсто.