Растителното производство во мај бележи двоцифрен раст на цените од 11.5 %

Според податоците на Државниот завод за сттистика цените во земјоделството во мај 2026 година, во однос на истиот период од претходната година, се зголемени за 4.7 % кај инпутот и за 8.4 % кај аутпутот

Цените во земјоделството во мај 2026 година, споредени со цените во мај
2025 година, бележат зголемување и кај инпутот и кај аутпутот.
Во делот инпут, во мај 2026 година, во споредба со мај 2025 година, кај цените на
инпут 1 (тековно потрошени средства во земјоделството) има зголемување за
4.5 %, а кај цените на инпут 2 (средства наменети за инвестиции во земјоделството) зголемувањето е за 7.6 %.
Во делот аутпут, во мај 2026 година, во споредба со мај 2025 година, цените на растителното производство се зголемени за 11.5 %, а цените на добиточното производство се намалени за 0.1 %.

 

Кај цените во земјоделството во мај 2026 година, во однос на мај 2025 година, се бележи следнава динамика:
  •  повисоки се за 11.5 % кај растителното производство, а
  •  пониски за 0.1 % кај добиточното производство 
во делот на аутпутот, додека во делот на инпутот
  • повисоки се за 4.5 % кај тековно потрошените средства во земјоделството и
  • за 7.6 % кај средствата наменети за инвестиции во земјоделството