Растот на БДП годинава скоро 3%

22

Тековната 2012 година е успешна економска година во која се очекува растот на бруто домашниот производ да биде околу 3%, изјави денеска министерот за финансии, Зоран Ставрески.
“Имаме година на заздравување на нашата економија. Во првата половина имавме раст од 3,4%, а според досегашниот тек на настаните и податоци со кои располага Министерството за финансии, се очекува растот во третиот квартал да биде околу 3%”, изјави Ставрески.
Според него, главни носители на растот беа капиталните инвестиции и извозот на странските директни инвестиции. Ставрески најави и дека во текот на следната година ќе се продолжи со капиталите инвестиции за што се одвоени 365 милиони евра, како и дополнителни 160 милиони евра за иградба и реконструкција на патишта.
Вицепремиерот, во своето обраќање на ФИНЕКСПО 2013 потенцираше дека ќе се поддржат сите македонски фирми кои ќе се вклучат во реализацијата на проектите предвидени за следната година.
“Ќе се детектираат 20-30 македонски компании кои имаат потенцијал и со дополнителни вложувања и обуки на вработените ќе се подигне технолошкиот капацитет што ќе придонесе македонските компании да можат да бидат добавувачи на странските”, додаде Ставрески.