Растот на БДП во Грција над очекуваното, до крајот на годинава се очекува да биде далеку поголем од европскиот просек

77

Бруто домашниот производ на Грција во вториот квартал од годинава се зголемил за 7,7 отсто во споредба со истиот период лани, а за 1,2 проценти споредбено со првите три месеци од 2022 година, согласно податоците од грчката служба за статистиката, јави дописничката на МИА од Атина.

Министерот за финансии на Грција Христос Стајкурас, коментирајќи ги денешните податоци рече дека „оваа значително позитивна разврска потврдува дека грчката економија, по силното закрепнување во 2021 година, го задржува потенцијалот за раст” и додаде дека досегашните економски показатели укажуваат на тоа дека растот на БДП за oваа година ќе биде повисок од првичните проценки и „значително повисок од европскиот просек”.