Растот на кинескиот извоз е неочекувано висок

11

Растот на кинескиот извоз неочекувано се забрза во септември, бидејќи продолжувањето на солидната глобална побарувачка делумно го неутрализираше притисокот кои фабриките го трпат поради недостаток на електрична енергија, тесни грла во синџирите на снабдување и повторно појавување на случаи на Ковид-19 во земјата, пренесува Ројтерс.

Втората по големина економија во светот постигна импресивно закрепнување од пандемијата, но постојат индикации дека заздравувањето губи сила. Проблемите, вклучително и намалувањето на фабричката активност, слабата потрошувачка и забавувањето на секторот за недвижности, ги намалуваат економските изгледи на Кина. Кинескиот извоз во септември скокна за 28,1 отсто во споредба со претходната година, по годишниот раст од 25,6 отсто во август.

Според главниот економист на Номура банка, Тинг Лу, рационализацијата на потрошувачката на електрична енергија, која започна во средината на септември, ќе влијае само на извозот. Експертите од споменатата банка предвидуваат дека годишниот раст на извозот во октомври прво умерено ќе забави, а потоа значително ќе се намали во ноември и декември, на околу 10 проценти.