Растот на побарувачката ги поттикна цените на „зелената енергија“ за 30 отсто на светските берзи

33

Цените на електричната енергија од соларните и ветерните фарми на водечките светски пазари скокнаа за речиси 30 отсто за една година, додека производителите се борат со хаосот во синџирите на снабдување и зголемените трошоци – од трошоци за делови до трошоци за работна сила, се вели во студијата на LevelTen Energy.

Договорните цени за обновливите извори на енергија (ОИЕ) се зголемија за 28,5 отсто во Северна Америка и 27,5 отсто во Европа минатата година, според кварталниот енергетски индекс LevelTen, кој го следи склучувањето на договорите за купување електрична енергија (PPA), пренесе Ројтерс.

Само во првиот квартал од оваа година, цените се зголемија за 9,7 отсто во Северна Америка и 8,6 отсто во Европа, соопшти LevelTen.