Руската економија сè уште расте и покрај забавувањето во третиот квартал од оваа година и се очекува вкупната стапка на раст во 2024 година да биде 3,9 отсто, изјави денеска рускиот претседател Владимир Путин на состанокот за економски прашања.
Според него, руската економија забележала годишен раст од 4,2 отсто во периодот од јануари до август 2024 година, пренесува Комерсант.
Индустрискиот раст за првите осум месеци од годинава изнесува 4,5 отсто, бидејќи преработувачкиот сектор пораснал за 8,1 отсто, а машинскиот сектор за речиси 20 отсто, додаде претседателот на Руската Федерација.