Машините за пишување, иако подзаборавени и веќе одамна исфрлени од употреба, сепак можат да бидат забавни за пишување.
За оние кои, и покрај модерните технологии, го претпочитаат класичниот начин на пишување, без притоа да им пречат отворените табови од социјалните мрежи и други интернет страници што можат да им го одвлечат вниманието, за нив е создаден Hemingwrite.
Овој уред содржи шестинчен екран со висококвалитетна механичка тастатура, а претставува своевиден микс од традиционална машина за пишување со сите бенефити што го носи модерната технологија.
Во ретро дизајнот е вградена Wi Fi и Bluetooth конекција, а има меморија за над еден милион страници, додека батеријата трае цели шест недели.