Размислувајте како победник и ќе постигнете успех

288

Неверојатно е колку промената на перцепцијата за себе и за другите може да предизвика промени во животот. Малкумина себе си се доживуваат како победници, а се што е потребно е само да го променат начинот на размислување и успехот ќе следи.

Овие совети ќе ви помогнат како да станете посамоуверена личност со оптимистичко гледање на работите. Иако не можете секогаш да победувате, со победничкото размислување ќе се чувствувате исто како победник, без разлика на исходот на работите.

1. Бидете упорни

Сите победници имаат една заедничка особина – никогаш не се откажуваат. Ако сакате да размислувате како победник, мора да бидете упорни. Немојте да мислите дека не можете нешто да направите, ако не ви успее од прв пат. Верувајте дека вие тоа го можете и продолжете да се обидувате. Обидувајте се повеќе пати, се додека не успеете.

2. Прифатете го фактот дека не можете секогаш да бидете во право

Никој не е секогаш во право. Сите луѓе грешат од време на време, и тоа е сосема нормално. Понекогаш добро е да ги слушнете туѓите совети, и да размислите за нив. Учете од туѓите грешки и држете го умот отворен за сугестии.

3. Расмислувате за успехот, а не за неуспехот

Победниците имаат тенденција да бидат упорни, бидејќи тие се фокусирани на успехот, а на неуспехот воопшто не мислат. Тие секогаш ја имаат на ум крајната цел, која ги држи позитивни. Наместо да размислувате за сите причини од кои не можете да успее, размислувајте само за успех. Како ќе се чувствувате ако постигнете успех? Мислете како веќе сте победиле и ќе ви биде многу полесно на патот кон целта.

4. Имајте контрола над себе

Не можете да контролирате се во животот, но можете да се контролирате себе. Некои луѓе сакаат да ги обвинуваат другите за своите неуспеси, но тоа е погрешно. Победниците знаат дека тие самите ја кројат сопствената судбина и постојано го имат тоа на ум. Тие стојат зад своите зборови, дела и дејствија. Кога ќе го прифатите фактот дека само вие сте одговорни за вашиот живот, ќе имате контрола. Не може да ги контролирате другите, но можете да ги контролирате одлуките што ги донесувате.

5. Размислувајте за вашите позитивни особини

Секој има недостатоци, но победниците не го трошат времето на тоа. Тие се фокусирани на своите позитивни квалитети. Тоа им помага да останат позитивни и да ги остварат поставените цели. Познавањето на сопствените предности и доблести ќе ви дава сила секогаш кога ќе сакате да постигнете нешто.

6. Бидете реални

Вистина е дека победниците поставуваат високи цели, но само оние за коишто знаат дека ќе можат да ги остварат. Тие детално размислуваат за секој чекор што мора да го преземат за да стигнат до својата цел. Реални се и затоа можат да бидат оптимисти, не поставуваат недостижни или нереални цели. Тие се чувствуваат како победници со секој успешно направен чекор и тоа им дава сила да продолжат понатаму. Повеќето успешни луѓе функционираат креирајќи “мини цели“ и ги фокусираат сопствените мисли на една од целите што во моментот сакаат да ја постигнат.

7. Знајте дека не сте совршени

Победниците се свесни за нивните маани и грешки. Но, тие не се фокусирани на совршенство, туку се стремат да бидат најдобри колку што можат во она што го прават. Ним не им е важно да бидат совршени, туку како да стигнат колку што можат поблиску до совршенството.

8. Верувајте во себе

Ретко кој човек има секогаш луѓе околу себе да го поддржуваат. Победниците ги игнорираат сите оние што го ограничуваат и веруваат длабоко во себе. Самодовербата и вербата во себе можеби е најтешкиот дел од работата што треба да ја направите за да размислувате како победник, но во исто време и најважната ако сакате да успеете.

Потребна е пракса за да почнете да размислувате како победник. И понатаму ќе имате денови кога нема да се чувствувате најдобро, ама сите победници ги имаат и тоа е нормално. Клучот на нештата е во тоа кога ќе “паднете“, да знаете како да се кренете и да се обидете повторно. 

Фото: Pexels