Разочарувачките податоци од Кина ја спуштија цената на нафтата

110

Цените на нафтата паднаа на меѓународните пазари околу 95 долари поради разочарувачките податоци за фабричката активност во Кина и стравувањата дека построгите мерки за запирање на ширењето на Ковид-19 ќе го попречат закрепнувањето на побарувачката.

На лондонскиот пазар цената на барелот  утрово изнесува 94,40 долари. На американскиот пазар барелот се тргуваше по пониска цена од 87,99 долари.

Трговците на почетокот на неделата беа загрижени од податоците за падот на активноста во кинеската индустрија во октомври, поради намалената глобална побарувачка и строгите мерки за борба против Ковид-19.

Кинеските градови ги заоструваат ограничувањата за коронавирусот, намалувајќи ги надежите дека побарувачката ќе закрепне, толкува Ројтерс.