Развој на човечките ресурси преку модерните технологии

260

hr-1-pixabay

Фото: Pixabay

Кога станува збор за модерните технологии и нивната употреба во секторот за човечки ресурси, последниве години ќе забележиме прогрес од аспект на се поголема употреба на модерен софтвер кој го помага управувањето со човечките ресурси, што придонесува овој сектор да биде се поефикасен и поуспешен.

Интегрираниот софтвер треба да обезбеди квалитетни информации за секторот за човечки ресурси, кои ќе го помогнат процесот на донесување на одлуки за платата на вработените, распределбата и структурата на организациските единици, регрутацијата, обуките за вработени и мерење на извршената работа на вработените. Посебна придобивка е интегрираноста на софтверот за управување со човечки ресурси со систем за евиденција на работното време или можност за поврзување на реалната работа на работниците во процесот на производство. Речиси се подразбира, дека едно современо софтверско решение треба да овозможува автоматска пресметка на плата согласно различните параметри за различна категорија на вработени и комуникација со државните алатки за пријавување на платите.

PA_logo1

Во програмот за деловно работење PANTHEON, посебно внимание е посветено на човечките ресурси, кои во деловната информатика се често запоставено подрачје. Јадрото го претставува персоналната мапа на работникот. Во неа ги гледаме различните евиденции за работниците, кои можат да имаат различен облик на вработување: постојано вработени, хонорарно, авторски хонорар или слично.

За секој работник составуваме персонална мапа во која ги внесуваме личните податоци, потоа податоците за членовите на семејството, евиденција на работниот стаж, го градиме движењето на работникот по работни места во претпријатието, како и податоците за работниот стаж. Тука се и податоците за одморот и користењето на одморот, како и евиденција за одсутност на работникот. Исто така, можеме да водиме евиденција за здравствените прегледи на работникот, завршените курсеви и обуки.

Посебен дел представуваат податоците за платата на работникот, членството во синдикатите и работното време на вработениот.

За целите на вработувањето постои модул, кој овозможува следење на распишани конкурси за работните места. На тие конкурси се пријавуваат кандидати, кои можат да останат во нашата база и за следниот распишан конкурс. На основа на извршениот разговор правиме проценка и го одбираме соодветниот кандидат. После тоа, тие податоци едноставно се пренесуваат во персоналната мапа.

Пресметката на плата во системот PANTHEON™ се одликува со исклучителна прилагодливост, што овозможува пресметка за различни видови претпријатија, работни односи, основни и дополнителни исплати.

Како друга одлика, би ја истакнале едноставната пресметка на плата и еднократниот внес на податоците, по припремите на поставките за првата пресметка. Програмот автоматки ни ги пренесува и податоците за одсуството од работа, како и присутноста на работа, кредитите, синдикалните членарини со соодветните видови заработки.

Во склоп на пресметката на плата, на располагање ги имаме сите законски пропишани обрасци (М1/М2, ПДД-ГИ.) како и голем број други извештаи, кои ни прикажуваат рекапитулација на придонеси, заработки, пресметки, кредити, годишна пресметка за секој вработен и многу други извештаи.

Програмот ни овозможува креирање на листи за исплата од самата пресметка на плата. Исто е и со книжењата, бидејки платите автоматски се книжат во главната книга.

Покрај овие функционалности, на располагање се и можноста за следење на задолжувањата на вработените со основни средства или ситен инвентар, како и системско следење на потребните заштитни средства и безбедноста и здравје при работа.

Заштитата на личните податоци е осигурена, бидејки пристапот до доверливите податоци можете да го затворите со авторизациски механизам.

На кратко, PANTHEON овозможува комплетна евиденција за секторот за човечки ресурси, вклучувајќи:

  • Кадровска евиденција
  • Систематизација на работни места и органиграм
  • Пријави и одјави на вработени
  • Отсуства и евиденција на работно време
  • Обуки за вработени
  • Оценување и евалуација на успешност
  • Распишување на конкурси и прием на нови вработени
  • Следење на годишни одмори / Решенија за годишен одмор
  • Здравствени прегледи
  • Законски обрасци
  • Пресметка на плата
  • Задолжувања на вработени
  • Безбедност и здравје при работа
  • Извештаи

dl 1

dl 2

dl 3

dl 4