Read ’n Style – дигитално пенкало што текстот го претвора во гласовна порака

58

hidden-abilities

Фото: Facebook

Read ’n Style е дигитално пенкало што е создадено од и за лицата со дислексија*.

Овој уред го скенира текстот и го претвора во гласовна порака во реално време. Корисникот треба да го насочи пенкалото кон текстот што треба да го прочита, а преку Bluetooth слушалките веднаш може да го слушне она што е напишано.

“Read ’n Style прави многу повеќе освен гласно изговарање на напишаниот текст, бидејќи им помага на децата да ги надминат пречките со коишто се соочуваат, ги прави понезависни и им ја зголемува самодовербата. Исто така, гледањето на напишаните зборови што ги слушаме, ќе им помогне на студентите да го зголемат својот фонд на зборови, да го збогатат речникот и да го подобрат правописот“, вели Пејден Милер, основач на американската организација Hidden abilities, што стои зад овој уред.

Овој проект минатата година беше претставен на глобалната платформа за групно финансирање, Indiegogo, каде што доби поддршка од 117.557 долари.

Се очекува цената на ова дигитално пенкало да биде 396,99 долари.

*дислексија е состојба во којашто луѓето се соочуваат со потешкотии при читање и разбирање на она што е прочитано.