Реакцијата на погрешна нарачка во ресторан го открива вашиот карактер

25

restoran

Фото: Pixabay

Волт Бетингер, извршен директор на Charles Schwab, практикува да дознае каква личност сте пред да ви даде работа. Но, начинот на којшто го прави тоа е малку невообичаен. Во едно неодамнешно интервју за New York Times, Бетингер вели дека кога вработува некого од исклучителна важност му е одблизу да го запознае карактерот на кандидатот.

Тој поставува прашања како ‘Кој е вашиот најголем успех?’, а целта му е да дознае дали нивниот поглед на животот се врти само околу нив или опфаќа повеќе личности. Потоа ги прашува за нивните најголемите падови во животот за да дознае дали за грешката ќе се обвинат самите или ќе ја препишат на некој друг.

Но, она што е невообичаено во неговите интервјуа за работа е тоа што Бетигнер ги кани кандидатите на појадок, а пред тоа му вели на келнерот намерно да ја згреши нивната нарачка. Со тоа сака да види како личноста ќе реагира на направената “грешка” и да има претпоставка за тоа како би реагирала доколку настане некој проблем на работното место. Дали се вознемирени, нервозни или полни со разбирање.

Тој вели дека начинот на којшто луѓето реагираат на секојдневните работи во голема мера се пресликува во начинот на којшто реагираат во бизнисот. Според Бетингер, ако кандидатот нема никаква реакција на направената грешка и тоа кажува многу за карактерот на човекот.

Таа личност најверојатно е плашлива, срамежлива, не обрнува внимание на детали и нема волја да исправа настаната грешка – неколку пораки што не сакате да му ги испратите на вашиот работодавач.

Во ниеден случај не е добро да направите голема збрка од тоа и да бидете непристојни, но секако е подобро да кажете нешто отколку да се однесувате како воопшто да нема проблем.

Сите кога тогаш ќе направиме некоја грешка. Прашањето е како ќе реагираме, што ќе направиме за да ја поправиме и дали ќе имаме почит кон другите кога ќе погрешат.