Реал Сосиедад вработи бездомник кој спиел пред нивниот стадион

26

ruben real sociedad

Шпанскиот фудбалски клуб Реал Сосиедад му понуди работа на бездомник кој спиел пред нивниот стадион Аноета, пишува Marca.

Триесет и петгодишниот Рубен и неговото куче Мундо, ноќите во последните осум месеци ги поминувале на влезот 20 на стадионот Аноета. Клубот од Сан Себастијан му овозможи на Рубен да работи на одржување на стадионот во следните два месеца, со можност за негово продолжување доколку се покаже како добар работник.

“Веќе почнав да верувам дека не постојат толку добри луѓе. По толку многу падови, надежта исчезнува“, вели Рубен, кој освен од клубот добивал поддршка и помош од луѓето кои живееле во близина на стадионот.