Rebirth – еколошки фармерки од рециклиран текстил

29

XVMc0105cc6-5566-11e5-a637-f005d09e3793Францускиот бренд специјализиран за производство на фармерките Bonobo, групацијата Beaumanoir, позната по своите еколошки ангажмани, произведе уникатна ограничена еко – колекција, пишува Le Figaro.

Станува збор за фармерки изработени од рециклиран тексас и полиестер добиен од преработка на употребени пластични шишиња.

farmerke-jeans-dz

Линијата е наречена Rebirth, а фармерките можат да се купат по цена од 69 евра во сите 390 продавници на компанијата. Тимот истражувачи работеше две години за да го создаде овој специјален рециклиран тексас.

Ограничената колекција се состои од четири модели на фармерки и два модела на јакни во чиј состав се наоѓа 25% рециклиран тексас, 25% рециклиран полиестер и 50% нов текстил.