Рецептот за успех на Starbucks: Кафе вредно милијарди долари

345

Howard SchultzПриказната за Хауард Шулц, претседател и извршен директор на светски познатиот ланец на кафетерии Starbucks, започнува со многу мали чекори и со огромна желба да постигне успех.

Шулц, чија вредност денес се проценува на три милијарди долари, порасна во многу сиромашно семејство во Бруклин, Њујорк. Неговите родители на трите деца едвај успевале да им обезбедат нормални услови за живот и токму затоа младиот Шулц уште од најрана возраст почнал да работи. На свои 12 години започнува да продава весници, за набрзо потоа да работи за локална продавница за кафе. Кога имал 16 години, поминал еден тежок период во работилница за кожа, каде напорната работа уште повеќе го мотивирала да стане успешна личност.

Howard-Schultz-YoungВо 1975 година дипломира на универзитетот во Северен Мичиген, каде главен предмет му бил комуникации. По дипломирањето, три години работи како продажен менаџер во Xerox, а потоа работи за шведската компанија Hamamaplast, каде продава апарати за домаќинство, вклучувајќи и млинови за кафе на тогашниот Starbucks. Откако увидел дека оваа мала компанија нарачува многу машини за кафе, решил да ги запознае сопствениците и оди за Сиетл.

Првичниот Starbucks беше основан од тројца пријатели, професорите Џери Болдвин и Зев Сигл и писателот Гордон Боукер, страсни љубители на кафе. Тие ја отворија продавницата кон крајот на 60-те, кога Американците се откажале од инстант кафето. Тука за прв пат купувачите можеле да научат како се прави кафе.

Сето ова го воодушеви 29 годишниот Шулц, кој на секој можен начин се обидуваше да добие работа во Starbucks и истовремено го убедуваше директорот дека компанијата е способна да отвори повеќе продавници. На крајот, по многу телефонски повици, тој станува маркетинг директор за двојно помала плата од претходното работно место.

starbucks-625-guardian_625x350_61431682385

По посетата на Милано во 1983 година, Шулц се враќа со рецепти за кафе лате и капучино. Овие новитети беа причина за тројно зголемување на продажбата на Starbucks. Сепак, она што најмногу го воодушеви беше начинот на којшто Италијанците уживаат во кафето, претворајќи го пиењето во социјален ритуал. Тогашните директори не беа спремни на промени, па затоа Шулц дава отказ две години подоцна, со цел да започне сопствен бизнис за којшто му требаа 1,7 милиони долари.

1c0aa38781483939a80e6280ed74d54bСопствениците на Starbucks му позајмуваат дел од парите, а остатокот го зема од банка. Во април 1986 година ја отвора својата прва продавница за кафе во Сиетл и ја именува со италијанско име – Il Giornale (Списание).

За негова среќа, кратко време потоа тројцата партнери не можејќи да го издржат притисокот од водење на бизнисот, се решаваат да продадат сè, вклучувајќи го и брендот Starbucks, за сума од 4 милиони долари. Шулц побара помош од инвеститори, а еден од нив беше и Бил Гејтс и успеа да ја собере потребната сума.

Желен за внесување промени, тој за прв пат ги воведе баристите – мајстори за правење на кафе од Италија, кои подоцна станаа учители на вработените. Во 1992 година веќе имаше неколку кафетерии низ САД, повеќе отколку што Хауард се надеваше. Започна со Нова Англија, Бостон и Чикаго, па сè до Калифорнија. Тој го зема системот со франшизи од McDonald’s како пример и успеа да создаде своја корпорација.

n_32805_1

Во новиот Starbucks купувачот имаше право на избор (лате, капучино, еспресо, мока, макијато и друго), големината на чашата и видот на млеко (обично или обезмастено).

Следната година PepsiCo склучи долгорочен договор со компанијата за производство на флаширано Frappucino. Освен тоа, малиот простор се зголеми десет пати повеќе и високите столици кај шанкот се заменија со удобни масички и столчиња за интимни состаноци. Шулц сакаше секоја кафетерија, без разлика каде се наоѓа, да нуди исто кафе, а за да го зголеми ефектот мораше да свири и иста музика.

o-STARBUCKS-facebook-765x383Логичен чекор беше проширувањето на ланецот надвор од границите на САД. Тоа и се случи во 1996 година и Јапонија беше избрана за прва дестинација. Потоа следуваа Сингапур, Кореја, Тајван, Велика Британија, Холандија, Шведска и Израел. До април 2000 година во САД имаше вкупно 2.400 Starbucks кафетерии, а во Европа, Азија, Блискиот Исток и Канада се отворија 350. И покрај големото противење на Шулц да се служи храна во Starbucks, на крај потиснат од конкуренцијата, мораше да попушти.

Хауард Шулц денес живее во Сиетл, Вашингтон, градот каде се заљуби во бизнисот и ја започна својата приказна. Заедно со својата жена Шери и двата сина Џордан и Адисон уживаат во слаткиот успех на секоја голтка кафе.