Реченици за бизнисот кои треба да ги запаметите – ќе ви требаат

182

Полека влегуваме во 2021 година, со надеж дека добар дел од стресот и неуспехот во 2020 година ќе остане во оваа година и ќе биде  минатото.

Сепак, изминатиот период не беше нужно лош за секого, барем во бизнис смисла. Короната “роди“ многу нови милијардери, бидејќи производствениот сектор, во доменот на ракавици и заштитни маски, како и фармација, цветаше.

Исто така, Џеф Безос значително го зголеми своето богатство во 2020 година, бидејќи продажбата преку Интернет доживеа бум, а можеби единствениот профитер меѓу автомобилските компании останува Илон Маск, основачот на Теsla.

Според Forbes, вака изгледа моментално списокот на светски милијардери, поточно првите 10 места ги заземаат: Џеф Безос (Аmazon), Бернард Арно со семејството (LVMH), Илон Маск (Tesla, SpaceX), Бил Гејтс (Microsoft), Марк Цукерберг (Facebook). Лери Елисон (Oracle Corporation), Ворен Бафет (Berkshire Hathaway), Лари Пејџ (Google), Стив Балмер (Microsoft) и Сергеј Брин (Google).

Во продолжение прочитајте ги нивните “златни” совети:

Ако изградите одлично корисничко искуство, клиентите ќе го споделат тоа едни со други. Препораката од уста до уста е многу моќна – Џеф Безос (нето вредност: 187 милијарди долари).

Еден добар производ може да трае вечно. Но, не постои такво нешто како “прифатлив луксуз“ – Бернард Арно (нето вредност: 144,9 милијарди долари).

На некои луѓе не им се допаѓа промената, но мора да ја прославите, ако алтернативата е катастрофална – Илон Маск (нето вредност: 144,7 милијарди долари).

Јас секогаш избирам мрзлива личност да ја извршува напорната работа. Бидејќи некој што е мрзлив, секогаш ќе го најде најлесниот начин да ја заврши задачата – Бил Гејтс (нето вредност: 119,9 милијарди долари).

Најголем ризик е да не се ризикува воопшто. Во свет кој толку брзо се менува, единствената стратегија што води право до неуспех е да не ризикувате – Марк Цукерберг (нето вредност: 100,2 милијарди долари).

Ако сакате да бидете иноватор, мора да бидете подготвени на тоа луѓето да ви кажат дека сте “луди“ – Лери Елисон (нето вредност: 87,1 милијарди долари).

Клучот за инвестирање не е проценка колку индустријата ќе влијае на општеството или колку таа ќе расте, туку утврдување на конкурентската предност на која било компанија и пред сè одржливоста на таа предност – Ворен Бафет (нето вредност: 85,2 милијарди долари).

Ако нè водеа пари, ќе ја продадевме компанијата одамна и ќе завршевме на плажа – Лери Пејџ (нето вредност: 76,6 милијарди долари).

Не знам што е монопол сè додека некој не ми каже – Стив Балмер (нето вредност: 75,3 милијарди долари).

Ако она што го правиме, некои луѓе не го сметаат за “научна фантастика“, тогаш тоа веројатно не е доволно трансформативно – Сергеј Брин (нето вредност: 74,4 милијарди долари).

Фото: Freepik