Речиси 10 милиони Европејци работат во технолошкиот сектор: Најголем раст во Шведска

24

Бројот на вработени во секторот за информатички и комуникациски технологии (ИКТ) во ЕУ се зголемил за 57,8 отсто од 2012 до 2022 година, објави Евростат. Во 2022 година, 9,4 милиони луѓе работеле во ИКТ секторот, односно 4,6 отсто од работната сила на ЕУ.

Најголем удел на ИКТ експерти во земјите на ЕУ е забележан во Шведска – 8,6 отсто од работната сила во земјата, потоа Луксембург – 7,7 отсто и Финска – 7,6 отсто. Најмал број вработени во ИКТ е забележан во Грција – 2,5 отсто, Романија – 2,8 отсто и Полска – 3,6 отсто.

Уделот на жените вработени во ИКТ секторот во ЕУ изнесува 18,9 отсто, што е нешто помалку од 2021 година, кога беше на ниво од 19,1 отсто. Најактивни во ИКТ секторот се Бугарките – 28,9 отсто, Романките – 25,2 отсто и Естонците – 24,5 отсто, додека на другиот крај на оваа листа се Чехинките – 10,9 отсто и Унгарките – 13,6 отсто.