Речиси 76 отсто од странските компании останаа во Русија и покрај војната

71

Речиси 76 отсто од странските компании продолжуваат да работат во Русија и покрај „специјалната воена операција“ што земјата ја започна во Украина на 24 февруари минатата година, откри претседателот на Државната дума Вјачеслав Володин, јавува Anadolu Agency (AA).
Володин на Телеграм објави дека и покрај егзодусот на десетици странски компании поради војната во Украина, 75,9 отсто од компаниите останале во Русија.

„Оваа одлука доволно зборува: тие веруваат во добри изгледи за развој на економијата на нашата земја, задоволни се од деловната клима. Тие што заминаа трпат милијарди долари трошоци“, рече Володин.

Тој додаде дека руските компании ги заменуваат нишите оставени отворени од странски компании кои ги оставија откако Русија започна „специјална воена операција“ во февруари минатата година.

Рускиот функционер ги повика компаниите да бидат „национално ориентирани“ за нивната заработка да се троши на развојот на Русија, нагласувајќи дека приоритет на Државната дума е да обезбеди правна поддршка за овие цели.