Речиси 80% од Грците тешко ги плаќаат сметките

109

Речиси 80 отсто од Грците тешко ги плаќаат сметките, покажуваат податоците на Евробарометар.

Ова го објави грчкото економско издание „Економика Тахидромос“.

Според истражувањето спроведено во периодот јануари-февруари годинава, грчките домаќинства се соочуваат со сериозни економски тешкотии.

Дури и пред војната во Украина, 85 отсто од Грците мислеа дека квалитетот на животот е влошен.

Речиси 90 отсто од испитаниците изјавиле дека економијата не е во добра состојба. Ова е највисок процент во ЕУ, со просек од 27,59 отсто од Европејците.

Нешто повеќе од половина од граѓаните велат дека се задоволни од квалитетот на нивниот секојдневен живот, а 83 отсто велат дека состојбата во Грција е незадоволителна.

49 отсто од грчките домаќинства не се сигурни дека можат да ги покријат своите трошоци.

Зголемен е процентот на оние кои тешко ги плаќаат сметките. Пред руската инвазија на Украина и западните санкции против Москва, 77 отсто од анкетираните изјавија дека е тешко да се покријат трошоците. Просекот на ЕУ е 33 проценти.

Само 23 отсто велат дека не им е тешко да ги платат сметките, но повторно разликата со ЕУ е голема. Според овој индикатор, просечниот процент за ЕУ е 66 отсто, забележува публикацијата.