
Експертската заедница за финансиски и блокчејн dappGamble ги објави резултатите од истражувањето што ја шокираше заедницата Web3. Имено, според нивните податоци, околу 95 проценти од сите NFT колекции кои постојат денес се целосно безвредни!
Ова е драматичен пад во споредба со 2021 година, кога обемот на тргување на незаменливи токени изнесуваше 17 милијарди долари.
Анализата опфати 73.257 NFT колекции и откри дека 69.795 NFT колекции имаат пазарна капитализација од нула етер (ETH), втората најпопуларна криптовалута по Bitcoin.
И ако се прашувате каде отидоа насловите на медиумите за рекордните продажни цени на NFT, тимот од dappGamble има одговор и за тоа. Имено, тој пресметал дека само еден процент од NFT се продаваат по цена повисока од 6.000 долари, а добар дел од најскапите колекции се продаваат меѓу 5 и 100 долари. Речиси една петтина од NFT колекциите имаат почетна цена од 0 долари.
И покрај овие мрачни податоци, dappGamble вели дека заедницата NFT нема целосно да пропадне. Тие ја гледаат иднината во NFT колекциите кои со себе носат одредени придобивки како што се пристап до затворени настани или виртуелни предмети за купување или трговија со видео игри.











