Речиси сите жители имаат пристап до 5G мрежта, а најчесто ја користат за…

46

Речиси сите Германци имаат пристап до мобилните мрежи 5G и најчесто ги користат за гледање фудбалски натпревари, покажаа статистичките податоци од мрежните оператори.

Повеќе од 95 отсто од германското население има пристап до 5G мрежата, според извештајот на Deutsche Telekom, Telefónica и Vodafone, што резултираше со скок во сообраќајот на податоци.

Телефоника (О2) го задржа првото место со сообраќај во периодот од јануари до ноември од 4,3 милијарди гигабајти. Следи Дојче Телеком со речиси 2,7 милијарди гигабајти, 10 отсто повеќе од истиот период во 2022 година, а на трето место е Водафон со повеќе од 2,4 милијарди гигабајти и пораст од 34 отсто.

Гледањето фудбалски натпревари стана главен мотив за користење на мобилни мрежи, при што седум од 10-те највисоки вредности за пренос на податоци забележани за време на натпреварите од Лигата на шампионите во кои играа германски тимови, објави Telefónica.

Празниците и неделите, кога корисниците гледаа телевизиски емисии во „прајм“ време, се на второ место по сообраќај. Најниски вредности се забележани во неделата на Велигден, кога голем дел од граѓаните времето го поминуваа на отворено, оставајќи ги мобилните телефони.

Операторите очекуваат значително поголема побарувачка во иднина благодарение на вештачката интелигенција.

Апликациите засновани на вештачка интелигенција го користат „облакот“, кој бара голема брзина на пренос, објаснува извршниот директор на O2 Telefónica Маркус Хас, а „5G го овозможува тоа за секого“, нагласува тој.