Дизајнерката Микаела Педрос го создаде проектот Joining Bottles, којшто се однесува на користење пластични шишиња во експериментална техника за спојување дрвени елементи, пишува Designboom.
Со загревање на пластиката околу два дрвени елементи, шишето се обликува според дрвената конструкција, а откако ќе се излади таа станува цврст врзувачки материјал.
Целта на проектот е да се користат материјали, како дрво и пластика, што ги има во изобилие со што ќе се внимава и на животната средина.