Рециклирани пластични шишиња како врзувачки материјал за мебел

453

plasticni-sisinja-mebel

Дизајнерката Микаела Педрос го создаде проектот Joining Bottles, којшто се однесува на користење пластични шишиња во експериментална техника за спојување дрвени елементи, пишува Designboom.

plasticno-sise-na-drvoСо загревање на пластиката околу два дрвени елементи, шишето се обликува според дрвената конструкција, а откако ќе се излади таа станува цврст врзувачки материјал.

Целта на проектот е да се користат материјали, како дрво и пластика, што ги има во изобилие со што ќе се внимава и на животната средина.