Редици пред продавниците како во советско време: Дали руските брендови можат да ги заменат странските?

96

Многу странски брендови за облека го напуштија рускиот пазар.

Во пресрет на затворањето на продавниците, редовите луѓе потсетуваа на Советскиот сојуз во периодот на акутен недостиг.

Многу руски производители на облека забележаа зголемување на побарувачката за нивните производи на почетокот на март. Колку е пониска цената, толку е поголема побарувачката. На пример, претставниците на еден од најприфатливите брендови по цената „Телодвиженије“ зборуваат за трикратното зголемување на нарачките минатиот месец.

Тимот планира да отвори сопствена продавница бидејќи досега продаваа стоки преку интернет. „Се разбира, ни треба време. Офлајн продажбата поставува нови барања. Поточно, проширување на асортиманот“, вели генералниот директор на компанијата “SKVT“ (бренд „Телодвиженије“), пишува Спутник.

Онлајн продавницата Wildberries потврдија дека интересот за домашните брендови расте. Од руските производи, облеката, чевлите, прехранбените производи и детските производи се најбарани, вели шефот на прес-службата на компанијата, Валериј Прокопјев. Само во 2021 година на нашата онлајн платформа се регистрираа над 370.000 домашни претприемачи“, посочува тој.

Основачите на санктпетербуршкиот бренд „Ју“ веќе размислуваат за проширување на производството. „Во новите услови се појавија многу можности. Гледаме зголемен интерес за руските брендови. Вкупниот раст на продажбата беше повеќе од 20 отсто во споредба со истиот период минатата година“, нагласуваат основачите на брендот Алиса Миргородска и Марија ван Молдерен.