Редок Bentley со Louis Vuitton куфери за 1,16 милиони долари

52

intro3Редок автомобил од марката Bentley произведен во далечната 1931 година се продава на аукција заедно со два ексклузивни Louis Vuitton куфера, пишува Luxpresso.

Осум литарскиот автомобил е еден од 100-те модели коишто беа произведени таа година. Тој е моментално дел од понудата на лондонската компанија William Medcalf којашто продава стари Bentley автомобили.

Спортскиот автомобил со две седишта е во темно зелена боја што најчесто се гледала на британските трки. Ентериерот е исто така во таа нијанса со цел да одговара на надворешноста. Автомобилот има мотор со шест цилиндри, којшто произведува до 230 коњски сили и може да достигне брзина до 100 километри на час.

Цената на овој редок Bentley заедно со двата Louis Vuitton куфери е 1,16 милиони долари. По направените механички поправки, автомобилот е во исправна состојба и може да се вози, додека сè друго е онака како што за прв пат било направено во 1931 година.

316111514121