Редок розов дијамант продаден за 15 милиони долари

23

23-carat-pink-diamond-roughРозов дијамант од 32 карати во сопственост на Petra Diamonds е продаден за 15 милиони долари, а новиот сопственик е групацијата M.A. Anavi Diamond, пишува Luxuo.

Скапоцениот камен беше пронајден во рудникот Вилијамсон во Танзанија, а дијамантите од овој рудник се познати по врвниот квалитет. Највисоката цена за карат е 2,4 милиони долари, рекорд поставен во 2013 година. Реткоста на розовите дијаманти, како и фактот дека уште не се знае како се формираат овие камења, ги прави уште помистериозни и ја зголемува нивната вредност.

Еден од највпечатливите розови дијаманти од 54 карати исто така беше ископан во рудникот Вилијамсон. Најголемиот и најпознатиот рудник на розови дијаманти е рудникот Аргил во Австралија.