Редок син дијамант продаден за рекордни 9,5 милиони долари

48

Екстремно редок син дијамант беше продаден за 9,5 милиони долари на аукција одржана во Лондон пред неколку дена, поставувајќи го новиот светски рекорд за цена по карат.

_45700223_jex_344848_de27-1

Блескавиот темно син, 5,30 каратен дијамант се здоби со сопственик на продажбата Bonhams Fine Jewellery во централен Лондон, кој го купи за рекордни 1,8 милиони долари (за карат), со што претходниот рекорд од 1,68 милиони долари беше соборен.

Дијамантот кој сега припаѓа на интернационалната куќа за дијаманти Graff Diamonds, е составен дел од прстенот Trombino, специјално направен од италијанскиот златар Bulgari во 1965.

eng-diamond-mid-BM-Bayern-Hong-Kong

“Презадоволни сме со цената што ја достигна дијамантот. Сите што го видоа беа шармирани од него. Сините дијаманти, особено оние со повеќе од 5 карати, се ектремно ретки на пазарот и многу се барани. Ние сме почестени што ја направивме оваа зделка”, изјави директорот на Bonhams Jewellery, Жан Гика.