Refrigerdating – апликација за пронаоѓање сродна душа според тоа што има во фрижидерот

46

Фото: Refrigerdating

Технолошкиот гигант Samsung најави сосема нова и необична услуга под името Refrigerdating, што на луѓето им овозможува да си најдат сродна душа врз основа на производите што ги имаат во својот фрижидер.

Она што го има во паметниот фрижидер на Samsung ќе биде споредено со она со што се полни другите такви рижидери, па врз основа на тоа може да го најде соодветниот партнер.

За да може да се користи оваа необична услуга, како главен предуслов е корисникот да го има фрижидерот Family Hub на Samsung, што чини околу 4.000 долари. Фрижидерот е опремен со камера што ја следи неговата содржина, а на предната страна има екран на допир, што даваа информации за намирниците чиј рок е пред крај.

Целта на апликацијата е да се претстави софтверот што го користи овој фрижидер, но од Samsung тврдат дека тоа може да биде забавен начин за запознавање луѓе.