Делта Холдинг лани оствари приходи од 618,8 милиони евра.
На годишната прес-конференција Милка Војводиќ, генерален директор на Делта Холдинг и виш потпретседател на оваа компанија за финансии и економија, истакна дека ова е најуспешната година во историјата на Делта Холдинг.
„Според овие резултати, 2021 година е најуспешната година во бизнисот на „Делта“, од 2011 година кога компанијата одлучи да направи голем пресврт во своето портфолио и да го напушти малопродажниот бизнис“, рече Војводиќ, додавајќи дека во буџетот на Србија биле уплатени 126,7 милиони евра минатата година, објави српски Данас.
Најголемата инвестиција на Делта Холдинг, платформата за е-трговија Ананас треба да почне со работа следната недела, а до 2025 година инвестицијата во оваа платформа ќе достигне 100 милиони евра, а треба да вработи 900 луѓе.
Марија Десивојевиќ, виш потпретседател на Делта Холдинг задолжена за стратегија и развој, истакна дека оваа платформа е наменета за целиот регион.
„Во моментов имаме 80 вработени со уште 100 вработени во партнерските компании посветени на овој проект. Акцентот го ставаме на логистиката и сакаме да го исполниме ветувањето дека нарачаното ќе биде испорачано следниот ден“, рече Десивојевиќ.
Да потсетиме, Ананас е замислен како верзија на Amazon за регионот.