
Регистрацијата на нови патнички автомобили во Европската Унија се зголеми во август за 4,5 проценти на годишно ниво, на 708.211 возила, што претставува седми месец по ред раст на пазарот, објави денес Здружението на европски производители на автомобили (ACEA).
Ова е забрзување во споредба со јули, кога беше забележан побавен скок на регистрациите на годишно ниво за три проценти.
На главните европски пазари, во август е забележано зголемување на регистрациите, со скок од 2,6 проценти во Германија, 7,4 проценти во Франција, 3,2 проценти во Италија и 11,8 проценти во Шпанија.











