
Регистрацијата на нови патнички автомобили во Европската унија се зголеми во септември за 9,3 отсто на годишно ниво, на 971.048 возила, што претставува осми последователен месец на раст на пазарот, објави денеска Асоцијацијата на европски производители на автомобили (ACEA).
Ова е забележливо забрзување во однос на август, кога е забележан побавен скок на регистрациите за 4,5 отсто од година во година.
На главните европски пазари во септември е забележан пораст на регистрациите, со скок од 9 отсто во Германија, 11,6 отсто во Франција, 9,8 отсто во Италија и 10,2 отсто во Шпанија.










