Регистрирање на одгледувалишта и продавници за домашни миленици

42

Animals_Cats_Cat_and_dog_030580_Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ), најави дека ќе се врши регистрирање на одгледувалиштата и продавниците за домашни миленици.

Според директорот Зоран Поповски, регистрацијата е во насока на воспоставување одговорно сопствеништво, а ќе почне во втората половина на идната година, по изготвување на соодветните правилници, јавува Миа.

Сите огледувалишта и продавници ќе треба да поднесат барања за регистрација најдоцна до ноември 2015-та.

“Cо предвидената регистрација согласно Законот за заштита и благосостојба на животните, ќе се подигне одговорноста и свесноста кај лицата кои чуваат миленичиња и ќе се намали бројот на кучињата скитници зашто ќе се санкционира секој што ќе го остави своето домашно милениче”, нагласи Поповски.

На домашните миленици ќе им бидат инсертирани микрочипови и тие ќе бидат регистрирани во официјалните ветеринарни друштва.

Доколку не се почитуваат законските обврски ќе следуваат казни од 150 евра за физички лица, до 250 евра за одговорните и 500 евра за правните лица.