
Милница Чапаровска-Јовановска е повторно именувана за Генерален директор за банкарство на мало и член на Управниот одбор на Стопанска банка АД – Скопје, со нов мандат во времетраење од четири години.
Одлуката за реизбор на Надзорниот одбор беше донесена во февруари годинава, а по добивањето на официјалната согласност и Решението од страна на Извршниот одбор на Народната банка на Република Северна Македонија (на 23.4.2026 година), именувањето стана и официјално.
Стопанска банка АД – Скопје ја информираше јавноста за оваа измена согласно Глава 6 од Правилата за котација на Македонска берза.
Согласно Глава 6 од Правилата за котација, известуваме за следниве измени во органите на управување и надзор:
Стопанска банка АД – Скопје ја информира јавноста дека согласно Одлуката за повторно именување од страна на Надзорниот одбор бр. 10/2026 од 6.2.2026 година и добиената согласност односно Решението на Извршниот одбор на Народна банка на Република Северна Македонија бр. 15-4890/6 од 23.04.2026 година (примено на 24.4.2026 година) г-ѓа Милица Чапаровска – Јовановска се именува за Генерален директор за банкарство на мало и член на Управен одбор на Банката, со мандат од 4 години.














