Рејтинг агенциите ќе објавуваат календари на проценките

19

rejtingВодечките рејтинг агенции кои работат во Европа, од оваа година мораат да објават детални календари кога ќе ја известат јавноста за своите нови проценки на кредитниот рејтинг на државите.

Според прописите на Европската унија кои овој месец стапија на сила, Standard & Poor’s, Moody’s, Fitch и останатите светски рејтинг агенции ќе мораат да наведат датуми кога ќе ги објават рејтинзите на европските држави.

Претходно агенциите можеа да спроведат и објават ревизија на кредитен рејтинг во секое време, поради што должниците во еврозоната ги обвинија за продлабочување на кризата, затоа што го намалуваа кредитниот рејтинг на одредени земји во клучни моменти.

Новите европски правила имаат за цел процесот на ревизија на рејтингот да се направи потранспарентен, како и да се намалат ударите што големите агенции им ги нанесуваат на државите намалувајќи им ги рејтинзите.

Рејтинзите на државите мораат да се објавуваат во петок, и тоа еден час пред или по затворањето на берзите.