РЕК Битола повторно во погон, трае ремонтот на Блок 2

34

По вчерашниот прекин на производството на електрична енергија, синоќа во три часот по полноќ Блок 1 бил синхронизиран со електроенергетскиот систем, сега работи и произведува струја, објави Телма, повикувајќи се на свои извори од РЕК Битола.

Во меѓувреме продолжуват активностите за ставање во функција и на Блок 2 кој е во ремонт и се очекува да почне со работа до крајот на неделата. РЕК Битола располага со залиха од 40 илјади тони јаглен што според министерот за економија Крешник Бектеши е доволно за 8 дена работа на двата болка, но реално можно е таа да трае само 4 дена.

Поради пожарот во петокот доцна навечер, третиот блок ќе биде вон употреба најмалку еден месец, а наскоро ќе почне со работа ТЕЦ Неготино кој чека мазут.

ЕСМ за да го надополни дефицитот потроши 6 и пол милион за увоз на струја.