Реката Хадсон во Њујорк добива пловечки парк вреден 130 милиони долари

10

04_view of pier 55 from the esplanade looking westМедиумскиот могул Бери Дилер заедно со неговата сопруга ќе финансираат 113 милиони долари во изградба на јавен пловечки парк и простор за забави на пристаништето на реката Хадсон.

Зданието кое ќе никне над реката ќе го носи името Pier 55 и се очекува да чини повеќе од 130 милиони долари. Градот Њујорк ќе обезбеди 17 милиони, а државата ќе донира дополнителни 18 милиони долари за изградба на плоштад кој ќе води до паркот.

Паркот ќе биде изграден на платформа која ќе биде оддалечена 57 метри од брегот на реката Хадсон. Самата платформа ќе биде поставена на бетонски столбови во вид на печурка, пишува New York Times.

Градбата која ќе го разубавува брегот ќе располага и со бујни градини, шеталишта и амфитеатар со 700 седишта, каде ќе се одржуваат разни настани и претстави.

Конструкцијата на паркот се планира да започне во 2016 година.

03_aerial view of pier 55 (1)

07_view of southern space looking north from gansevoort peninsula

06_stairs

10_aerial night view

08_view of the amphitheatre looking southwest at sunset