Реклама од 30 секунди чини “само“ 5,6 милиони долари

87

Superbowl е еден од најгледаните спортски настани во САД, а во исто време и служи како најголема маркетинг платформа за многу компании. За многумина возбудливи се натпреварите, но голем е бројот на луѓе кои им се воодушевуваат на рекламите што се прикажуваат за време на натпреварите.

Fox Sports веќе продаде 80% од просторот за огласување за време на финалето на Superbowl по рекордни цени. Според Bloomberg, за две реклами од по 30 секунди ќе се инкасираат по 5,5 милиони долари, а оние кои купуваат само еден рекламен простор од 30 секунди ќе платат по 5,6 милиони долари.

Просечната цена на рекламен простор на Superbowl во 2010 година беше три милиони долари, четири години подоцна 4,2 милиони, а во 2017-та година надмина пет милиони долари за реклама од 30 секунди.

Инаку, Superbowl е првенство во американски фудбал.

Фото: Pixabay