Рекламни материјали – да или не?

100

Дигитализацијата ни го сврте вниманието толку многу што почнавме да размислуваме дека сè што може да направиме и да најдеме е на интернет. Сепак, не смееме да ги занемариме традиционалните и класичните алатки што “владееле“ со светот пред неколку децении и давале одлични резултати.

Дигиталниот маркетинг бележи големи успеси во ерата на технолошкиот напред, но сепак компаниите доколку сакаат да го привлечат вниманието на потрошувачите, потенцијалните соработници, бизнис партнери… треба да се осврнат и традиционалниот маркетинг.

Рекламните материјали можеби се застарена алатка за промоција на една компанија, но сепак постојат модернизирани материјали што ќе ја истакнат нејзината префинетост, професионалност и посветеност. Овој вид на рекламни материјали траат подолго време за разлика од рекламите на телевизија, радио или интернет.

Но, во моментот кога на вашиот потенцијален клиент му подарувате некаков предмет, тогаш го имате целото негово внимание, а впечатокот што ќе му го оставите тесно ќе го поврзе со подарокот што го добил.

Истражувањата покажуваат дека промотивниот материјал кај потенцијалниот потрошувач “живее“ околу седум месеци, што е доволно време да бидете запаметени по добро.

Иако делува скромно и не толку агресивно како телевизиска реклама што ви ја прекинува омилената серија, сепак промотивниот материјал во форма на тефтер, роковник, пенкало, запалка, календар, шолја за кафе… многу подолго ќе остане врежан во меморијата на купувачот.

Не мора да имате огромен буџет за да испечатите лого на маици, пенкала, капчиња и слично… доволно е да бидете уверени дека дизајнот е впечатлив, производот е квалитетен и вашите промотивни материјали ќе бидат дел од секојдневните навики на потрошувачите. Доколку имате календар што може да се стави на работно биро, тогаш сите случајни и намерни гости на вашиот соработник ќе го забележат, ќе го запаметат, па ќе ги асоцира тој мал детаљ на вашата фирма и производот или услугата што ја нудите.

Ако сакате да ги следите трендовите и оние додатоци што се користат во последно време, може да понудите и USB, футроли за мобилни телефони или нешто слично со логото на вашата компанија и ќе го постигнете ефектот што го сакате.

Фото: Pixabay